Wednesday, June 9, 2010

Омилена книга од детството

Ако се сеќавате што сте читале тогаш), која книга ви оставила најубави импресии?
Мојата омилена од тој период е романот "Големи и мали" од Бошко Смаќоски.
Ни беше лектира за не знам_кое_одделение, и ден денес знам да ја земам во раце и да ја прелистувам. Многу, многу ми се допаѓаше и ја прочитав неколку пати, а кога пред некоја година ја направија и ТВ серијата според неа, како мало дете се израдував. Ама не беше тоа тоа, ме разочара, во мојата глава сосема поинаку изгледаа и се однесуваа Буба, Раде, Диме такси, Судијата... na tatko mi

1 comment:

  1. Уф и јас имам неколку омилени наслови од тоа време, секако тука спаѓа и Големи и Мали, потоа знам Белото циганче и една книга од првите мигови на лудите години Споменка, леле колку ја сакав. Ја заборавив и Децата од Павловата улица (има многу) ова од нашиве автори. А од странските Колибата на чичо Том, Том Соер и Хајди

    ReplyDelete