Tuesday, October 12, 2010

Во засилувањето на словенското пробудување на нашите народи голем удел ќе има и влијанието
на Русија, особено во времето на Кримската војна, која представува една епизода во надежите на подјармените
Јужни Словени за вивно скорешно ослободување со помошта на големиот словенски брат. Погледите и на Македонците
ќе бидат свртени кон Русија, кон "всесијајната северна ѕвезда", како што ја нарекува Димитрија Миладинов во писмото
што на 29 август 1852 година, ќе му го испрати на својот пријател Александар Егзарх во Цариград. Тоа влијание и словенско
самочувство ќе доведе до појава на интерес во
просветителските стремежи на младата македонска интелегенција за здобивање повисока наука во Русија, како и општење со руските
словенофилски кругови и активна соработка со нив.
Во така сложени историско-политички услови, првиот чекор на патот кон национално осознавање на македонскиот народ ќе биде
борбата против грчката културна и верска доминација, која претставува и најголема опасност за неговата национална индивидуалност.
Акциите на оваа борба ќе го означат и лочетокот на македонската Преродба, а на нејзино чело, како предводници и нејзини основоположници,
ќе застанат славните стружани, браќата Димитрија и Константин Миладинови, кои, токму во тоа бурно време и во така сложени услови, ќе го
започнат својот трнлив, но достоен за почит, животен пат.

* * *

Димитрија, роден 1810 година, е првото дете во семејството на струшкиот грнчар Ристе Миладин. Иако најстар тој нема да го продолжи
занаетот на својот татко, како што бил традиционалниот ред - најстариот син да го наследи занаетот на таткото, носен од желбата за наука,
како што велат (неговите први биографи, ќе го "подземе патот на науката". Според нив, тоа била и желба на неговите родители, неговиот
"неук но ученољубив татко" и мајката Султана, која знаела и убаво пеела македонски народни песни.
Со основна писменост или, да го наречеме образование, се здобил во црковните
училишта и манастирите во Струга и Охрид, а според некои биографи и во манастирот Свети Наум. За еден прилично долг период од десет години од
неговиот живот, од 1820-1830 година, немаме податоци од неговите биографи, да во 1830 година го сретнеме како учител во Охрид. Истата година умира татко му Ристе Миладин, а два-три месеци по неговата смрт се раѓа најмалото дете во семејството, Константин, идниот наш поет и преродбеник. Тој ќе стане грижа на брата си Димитрија, кој ќе го заземе местото на починатиот татко во
семејството и ќе биде негов учител и заштитник, па секаде каде учителствува го води со себе своето мало братче. Константин, пак, ќе стане негов соработник,
следбеник и соборец во големото преродбен
ско дело, се до нивната заедничка смрт.
Димитрија и самиот увидел дека неговото основно образование не е доволно за обавување на учителската дејност на која сакал исцело да и се посвети. Но немањето материјални средства да го продолжи образованието, а посебно обврските кон семејството по татковата смрт, наложуваат да замине на печалба. Заедно со својот среден брат Наум, роден 1817година,заминува во Дурус (Драч) во Албанија, каде работат во италјанската трговска фирма "Зографци". Таму имаат прилика да го научат италјанскиот и да се запознаат со францускиот јазик. После две години поминати на печалба, двајцата браќа, со заработените
пари, заминуваат на школување во Јанина. Таму, во времето од 1833-1836 година, ја завршиле познатата грчка јанинска гимназија. Во тоа време, Јанина,
политички центар на Епир, е познат културен центар кај нашите народи, посебно со нејзината гимназија која ја нарекувале Академија и била на добар глас. Со диплома на учители, браќата се враќаат во родниот крај, а Димитрија станува учител во Охрид, каде останува во наредните три учебни години.


Бојана Јакимовска-V-2 одделение ОУ,,Ќирил и Методи,,Кочани.

No comments:

Post a Comment